School of Computer Science and Information Technology
 Што го прави УАКС ФКТИ водечки факултет во Македонија?

Факултетот за компјутерска техника и информатика (ФКТИ) е еден од водечките факултети од информатичката технологија во Република Македонија. 
Наставата се одвива на англиски јазик во духот на современите американски универзитети.

Факултетот за компјутерска техника и информатика ви нуди две насоки:

  • Софтверско инженерство
  • Менаџмент на информациски системи

Единствено во Македонија - насоката Менаџмент на информациски системи е акредитирана и од Американскиот совет за акредитација на бизнис факултети и програми (Accreditation Council for Business Schools and Programs - ACBSP).




ФКТИ има водечка улога во Македонија во една од најнапредните области на компјутерските науки, областа на директна комуникација мозок-компјутер, при што се управуваат работи со помош на сигналите од мозокот на човекот; 

ФКТИ има прво место во Македонија за научен труд кој е платено симнуван од Интернет (повеќе од 1300 компјутерски инженери платиле за да го симнат овој труд од престижната компјутерска асоцијација - AssociatonComputingMachinery) 

Само во последните 2 години, професорите и студентите на ФКТИ имаат објавено повеќе од 17 научни и стручни трудови публикувани во меѓународни списанија или презентирани на конференции, од кои научни труда имаат добиено импакт фактор.


АКАДЕМСКИ КАДАР НА ФКТИ 

Преку 10 професори и соработници секојдневно работат со студентите на ФКТИ со цел да посветат внимание на секој студент поединечно, да ги развијат неговите/нејзините афинитети и да ги насочат да се развиваат во областа која ја сакаат.

ФКТИ редовно ангажира професори или експерти кои се образовале или тековно работат во други европски земји и САД за студентите да добијат побогато искуство и работна комуникација со институции надвор на Македонија

Покрај наставните и научните ангажмани, професорите на ФКТИ се ангажирани и во раководни активности на Сојузот на информатичари на Република Македонија, организација на симпозуми и други активности за развојот и унапредувањето на информатиката во Македонија. Професорите на ФКТИ редовно учествуваат во меѓународни научно-истражувачки проекти и тековно работат на проекти во Европа и САД.

Соодносот студент/професор на ФКТИ изнесува 10:1 - сооднос кој овозможува индивидуална работа со студентите.

Индексот: трудови/професор на ФКТИ изнесува 2.22

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Студентите на ФКТИ работат во мали групи. Тоа значи дека на студентите им е овозможена постојана директна комуникација со професорите и поголема можност за личен развој, усовршување и надградба

ФКТИ посветува посебно внимание на напредните области во информатичката технологија и наука како што се:

  • Роботика
  • Биомедицинска техника
  • Процесирање на биосигнали
  • Бази податоци
  • Обработка на јазици

Наставата се изведува на македонски јазик, со најсовремени учебници и наставни материјали од реномирани универзитети, студии на случај и практична примена на теоријата. Студентите се охрабруваат да учат и презентациски вештини и да го усовршат користењето на англискиот јазик во професионална комуникација. Освен тоа, стимулира тимска работа, работа во групи и споделување на искуства. 


ДЕЛОВЕН СОВЕТ

Соработката со деловниот свет е клуч за изградба на соодветен кадар од областа на информатичките науки. Деловниот совет на УАКС го сочинуваат 150 врвни организации од Македонија. Меѓу нив се и некој од најзначајните компании од ИТ секторот:

Деловниот совет на ФКТИ овозможува:

1. Усогласување на наставните програми со потребите на реалниот сектор
2. Гости-предавачи
3. Практична работа за нашите студенти
4. Советување за можни кариери и регрутација на студенти по нивното дипломирање


ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ФКТИ СВЕДОЧАТ РЕЗУЛТАТИТЕ НА НАШИТЕ СТУДЕНТИ

Резултат на достигнувањето и напредокот на секој студент е неговиот дипломски, специјалистички или магистерски труд на што се посветува особено внимание и се укажува голема помош и поддршка од страна на професорите. Секој ваков труд е веќе проект и претставува работно искуство. Дипломските трудови значително им помагаат на студентите при вработување во информатичкиот сектор. 

За квалитетот на студентите на ФКТИ сведочи фактот што дел од нив работат во компании во Швајцарија, Малта, Австралија, Холандија, Јужна Африка или само како самостојни консултанти (freelance).

Австрија, Австралија, Норвешка, Словенија и други земји исто така признаа квалитетот на ФКТИ преку доделување на стипендии на нашите студенти за постдипломски студии на нивните државни универзитети. 


МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Можностите за вработување во најбрзорастечката индустрија во светот се неограничени! Дел од професиите кои бараат ИТ квалификации вклучуваат, но не се ограничуваат на:

  • ИТ инженери
  • Програмери, орджување на системи, развој на апликации и слично во ИТ компании во Македонија и во светот
  • Програмери, одржување на системи и слично во државни институции
  • Развој на софтвер во домашни или странски компании
  • Основање сопствена компанија и развивање на бизнис во ИТ индустријата



ГРИЖА ЗА ЗАЕДНИЦАТА

Студентите учат многу во својата струка, но учат и како да се грижат за заедницата во која живееме. Ние се обидуваме да нагласиме дека како идни академски граѓани, треба да бидат одговорни и почитувани членови на заедницата.

Токму затоа, организирани се бројни општествено одговорни настани и проекти. Некои од нив се следните:

2012 - Хуманитарна акција - Донација за Детски центар во Гостивари
2011 - Подај рака. Внеси топлина во детското срце. УАКС организирање донација на облека и средства на Дневениот центар за бездомни деца во Кисела Вода - Скопје.
2010 - Донација на играчки и материјали за Детската клиника во Скопје
 

Кликни тука за да ја видиш новата брошура на ФКТИ

 
Кликнете тука за да ја погледнете академската програма на ФКТИ!























Back