Докторски студии по бизнис администрација

 

Докторските студии по бизнис администрација ќе ви овозможат да бидете предводници на деловно размислување за организацијата, маркетингот и финансиите. Со оригинално истражување, ќе имате можност да разгледувате теми како реструктуирање и промена, разбирање на операциските процеси и развивање стратегии за успешни бизнис операции.

Оваа програма е наменета за кандидати што имаат деловен бекграунд, што вклучува магистри по менаџмент, маркетинг, операции, економија и финансии, како и главни и средни менаџери во фирми и компании од сите големини и индустрии, од мали семејни бизниси до големи корпорации.

  • Прва ДБА програма во Македонија!
  • Целосно заснована на Харварскиот метод на студии на случај, за кој се обучени нашите професори
  • Можност за студиски престој во бизнис окружување

Општи модули во првиот семестар, кои важат за секоја докторска програма, се следните:

КОД Модул Наставник
DOCT 7001 Методологија на научно-истражувачка работа – докторско ниво Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски
DOCT 7002 Анализа на податоци Проф. д-р Марјан Петрески
Изборни предмети (се избира еден)  
DOCT 7003 Квалитативни истражувања и студии на случај Вон. проф. д-р Иван Додовски
DOCT 7004 Информатичка технологија и истражување Вон. проф. д-р Адријан Божиновски

 

Тематските модули за оваа програма се:

Код Модули  Наставник
DDBA 7110 Организациско лидерство: теорија и практика Проф. д-р Марјан И. Бојаџиев
Изборни предмети (се избираат 2)
DDBA 7210 Бизнис стратегија и иновации за конкурентска предност Доц. д-р Снежана Христова
DDBA 7211 Маркетинг: стратегиски иновации во глобално диверзифициран свет Вон. проф. д-р Илијана Петровска
DDBA 7212 Управување со деловни процеси Доц. д-р Филип Ивановски

 

Координатор на програмата

Д-р Снежана Христовa –  shristova@uacs.edu.mk