Докторски студии по економија

 

Докторските студии по економија ќе ви ја претстават економијата како квантитативна наука. Од тој аспект, тие се единствени од таков вид во Македонија. Како доктор по економија од оваа програма, вие ќе може да спроведете оригинално истражување и ќе бидете вешт моделар на економските процеси во домашната, регионалната и глобалната економија.

Оваа програма е наменета за кандидати што имаат интерес за економска анализа базирана на статистичко-економетриски алатки. Тоа вклучува магистри по економија и финансии, математика и инженерство, како и вработени во сектори за економски и финансиски анализи: централни банки, економски министерства, банки и други финансиски институции, корпорации и претставништва на меѓународните финансиски институции.

  • Единствена програма што нуди квантитативна економска и финансиска анализа
  • Професори со сертификат за менторирање од Универзитетот Стафордшир
  • Можност за студиски престој на универзитет или во централна банка

Општи модули во првиот семестар, кои важат за секоја докторска програма, се следните:

КОД Модул Наставник
DOCT 7001 Методологија на научно-истражувачка работа – докторско ниво Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски
DOCT 7002 Анализа на податоци Проф. д-р Марјан Петрески
Изборни предмети (се избира еден)  
DOCT 7003 Квалитативни истражувања и студии на случај Вон. проф. д-р Иван Додовски
DOCT 7004 Информатичка технологија и истражување Вон. проф. д-р Адријан Божиновски

 

Тематски модули за оваа програма се следни:

 Код Модул  Наставник
DECO 7110 Макроекономија: теорија и практика Проф. д-р Томе Неновски

Проф. д-р Марјан Петрески

Изборни предмети (се избираат 2)  
DECO 7210 Напредна економетрија Проф. д-р Марјан Петрески

Проф. д-р Бранимир Јовановиќ

DECO 7211 Микроекономија на иновации и конкурентност Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски
DECO 7212 Финансиска анализа Проф. д-р Драгољуб Арсовски
DECO 7213 Менаџмент на банкарски ризици и стрестест Вон. проф. д-р Евица Делова Јолевска
DECO 7214 Меѓународни пари и финансии Вон. проф. д-р Игор Величковски

 

Координатор на програмата

Д-р Марјан Петрески

marjan.petreski@uacs.edu.mk