Докторски студии по право

 

Докторските студии по право (правни науки) ќе ви понудат теоретско знаење и вештини за успешна кариера вo сферата на правото и правните науки. Преку оваа програма ќе стекнете способност за критичка анализа, оценување и синтеза на постојната правна регулатива од различни области. Исто така, ќе имате можност да се вклучите и дадете придонес во истражувачки мрежи и научни проекти и да стекнете вештини за продлабочена анализа на правото и решавање правни проблеми.

Оваа програма е наменета за кандидати што имаат интерес за продлабочување на своите познавања и образование од областа на правото. Тоа вклучува, пред сè, магистри по право, бизнис, менаџмент и економија, како и судии и професионалци од различни нивоа на судскиот систем, адвокати, нотари, извршители и други правници и професионалци од големи компании.

  • Единствена програма што комбинира истражување и правна практика
  • Курикулум што обединува различни домени на правото
  • Можност за вклучување во истражувачки мрежи и проекти

Општи модули во првиот семестар, кои важат за секоја докторска програма, се следните:

КОД Модул Наставник
DOCT 7001 Методологија на научно-истражувачка работа – докторско ниво Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски
DOCT 7002 Анализа на податоци Проф. д-р Марјан Петрески
Изборни предмети (се избира еден)  
DOCT 7003 Квалитативни истражувања и студии на случај Вон. проф. д-р Иван Додовски
DOCT 7004 Информатичка технологија и истражување Вон. проф. д-р Адријан Божиновски

 

Тематските модули за оваа програма се:

 Код Модул  Наставник
DLAW 7110 Напредно компаниско право Вон. проф. д-р Марко Андонов
  Изборни предмети (се избираат 2)  
DLAW 7210 Трудово право и социјално осигурување–докторско ниво Вон. проф. д-р Зоран Михајловски
DLAW 7211 Теории на казненото право Вон. проф.д-р Душко Стојановски
DLAW 7212 Основни теории на граѓанското субјективн оправо Вон. проф. д-р Кимо Чавдар
DLAW 7213 Меѓународно еколошко право Проф. д-р Зоран Шапуриќ

 

Координатори на програмата

Д-р Зоран Михајлоски

mihajloski@uacs.edu.mk

 

Д-р Марко Андонов

andonov@uacs.edu.mk