Гостин-предавач од Медицинскиот факултет одржа предавање на ФПН при УАКС
На 3 март 2017 година, студентите на Факултетот за политички науки и студиската насока по психологија при УАКС, кои следат настава по предметот Когнитивна психологија со експертот од практика, м-р Димитринка Јорданова-Пешевска, докторант, посетија презентација на тема: „Нервна основа на сознавањето“. Презентацијата ја одржа гостин-предавачот, д-р Габриела Новотни, докторанд, невролог и асистент на Медицинскиот факултет…