Денови на кариера на УАКС
Почитувани студенти,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Денови на кариера на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), кои ќе се одржат во следните термини:
Дел I (студенти поделени во групи, работилници на иста тема, во еден од 2та термина)
Дел II (искуства од експерти за сите студенти)
Дел III (презентации на компании со можности за пракси и вработување за сите студенти)
За време на Деновите на кариера, ќе имате можност да посетите работилница за пишување на биографија (CV), подготовка за Вашето прво интервју за работа, планирање на кариера, можности за пракса и вработување, кариерно советување, со следната aгенда:
АГЕНДА
Дел II: 4 Март (понеделник) 2019 година**,** Амфитеатар 12.30 часот
ИНСПИРАТИВНИ ПРЕДАВАЊА ОД МЕНАЏЕРИ ЗА ЧОВЕКОВИ РЕСУРСИ
Дел III: 22 февруари 2018 година**,** кафетерија(4-ти кат)
ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КОМПАНИИ СО ПОНУДИ ЗА ПРАКСА И ВРАБОТУВАЊЕ
Деновите на кариера ги препорачуваме на сите студенти од додипломски и специјалистички студии на УАКС, а целта на настанот е да Ви помогнеме при процесот на аплицирање за позиции за практична работа и вработување, да ги подобриме Вашите вештини за развој на биографија и да Ве советуваме за развој на Вашата кариера.
Ве молиме потврдете го Вашето присуство на Деновите на кариера на УАКС најдоцна до 24 февруари 2019 на електронска пошта: rahela.evtimova@uacs.edu.mk или на телефонскиот број: + 389 (0) 2 2463 156.
Ве очекуваме на Деновите на кариера!