Општи правила и услови за користење
Добредојдовте на веб-страницата на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Со пристапување и користење на оваа страница, вие се согласувате сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со следните правила и услови*.
Општи одредби
Веб-страницата служи за информирање на пошироката јавност, како и за овозможување онлајн плаќање на школарина за студентите на Универзитетот (во понатамошниот текст: УАКС).
УАКС го задржува правото да ги менува овие услови без претходна најава, согласно позитивните законски и подзаконски прописи.
Права на корисниците - субјекти на лични податоци
Со овие правила и услови, ги информираме корисниците - субјекти на лични податоци за начинот и постапката на остварување на нивните права во однос на личните податоци кои се обработуваат од страна на Универзитет Американ Колеџ Скопје (во понатамошниот текст: УАКС), согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и останатите позитивни прописи кои ја регулирааат оваа материја.
Како субјекти чии лични податоци се обработуваат од страна на УАКС, имате право да бидете детално информирани за: идентитетот на контролорот (УАКС) и контакт податоци за истиот, контакт податоци на Офицерот за заштита на личите податоци, контакт податоци за одговорното лице за онлајн плаќања, целите и правната основа за обработка, легитимните интереси на УАКС (ако се врши обработка согласно оваа правна основа), категориите на субјекти чии податоци се обработуваат и категории на лични податоци што се обработуваат, корисници на кои личните податоци се даваат на користење, рокот на чување на личните податоци. Овие информации за остварување на правата на субјектите на лични податоци се објавена на веб-страницата на УАКС во делот Политика за приватност.
3. Пристап и регистрација за корисници
За да станете Корисник, мора да ги исполнувате следните услови:
- задолжително да имате најмалку 14 години;
- задолжително да се пополнат бараните полиња од формуларот за регистрација барајќи лични податоци како што се корисничко име, адреса на е-пошта, телефонски број и лозинка;
- задолжително да се прифатат овие Услови за користење и договарање;
- задолжително да се прифати Политиката за приватност и заштита на податоците;
- задолжително да се прифати Политиката за колачиња.
Корисникот гарантира дека сите информации во врска со неговиот/нејзиниот идентитет и информациите испратени до УАКС преку формуларите за апликација на веб-страницата се вистинити, точни и целосни. Покрај тоа, Корисникот се обврзува да ги ажурира неговите податоци. Доколку Корисникот обезбеди какви било лажни, неточни или нецелосни информации или ако УАКС верува дека постојат разумни основи за сомневање во вистинитоста, точноста или интегритетот на таквите информации, УАКС може да го одбие тековниот или иден пристап и употреба на Платформата или која било содржина и/или услуги од неа.
Сите податоци се строго доверливи, лични и не се пренесуваат. За да се зголеми безбедноста на сметката, УАКС им препорачува на корисниците да не ги користат истите информации за најавување како на другите платформи. Доколку Корисникот ги користи истите информации за најавување како и на другите платформи, УАКС нема да може да ја гарантира безбедноста на сметката или да гарантира дека Корисникот е единственото лице што се најавува на таа сметка. Корисниците се согласуваат дека нема да ги откриваат деталите за нивниот профил или да дозволат пристап до трети страни. Корисниците се единствено одговорни за секое користење на таквите податоци или услуги на веб-страницата од страна на трето лице, вклучувајќи изјави и/или содржини на веб-страницата или какви било други дејства извршени на веб-страницата под нивното корисничко име и/или лозинка. Корисникот е единствениот сопственик на содржината внесена на веб-страницата.
УАКС не може да го гарантира идентитетот на регистрираните корисници и затоа нема да биде одговорна за користењето на идентитетот на регистрираниот корисник од нерегистрирани трети лица. Корисниците се обврзуваат веднаш да ја известат УАКС преку каналите за комуникација обезбедени од УАКС, доколку нивните податоци за најава се украдени, откриени или изгубени.
Плаќање и надоместоци
Услугите што ги нуди УАКС може да бидат предмет на надомест кој може да се плати онлајн преку платежна картичка или други достапни канали. Посетителите можат да се регистрираат или да користат гостински пристап за плаќање. При регистрација, потребно е да се внесат точни и комплетни информации. Корисникот е одговорен за доверливоста на своето корисничко име и лозинка.
Веб-страницата овозможува безбедно онлајн плаќање на школарина, преку следните платежни методи:
Плаќање со кредитни и дебитни картички (Visa, Mastercard и други поддржани картички).
Плаќањето може да се врши од Република Северна Македонија и од странство.
Сите трансакции се вршат преку сертифициран платежен процесор, усогласен со PCI DSS стандардите. Веб-страницата користи SSL енкрипција за заштита на трансакциските податоци. Податоците од картичката (број, CVV код) не се чуваат од страна на Универзитетот.
По извршено плаќање, корисникот добива електронска потврда/фактура на својата е-маил адреса.
За сите прашања во врска со онлајн плаќањата, можете да контактирате:
Служба за финансии
Контак лице: Снежана Димовска
Е-пошта: [snezana.dimovska@uacs.edu.mk]
Доколку плаќањето е извршено погрешно или во случај на техничка грешка, може да се поднесе Барање за поврат на средства. Во тој случај потребно е да се контактира горенаведеното одговорно лице од Службата за финансии во УАКС.
УАКС користи безбедни, шифрирани системи за плаќање кои се во согласност со индустриските стандарди како што е Стандардот за безбедност на податоци во индустријата за платежни картички (PCI DSS), при што користи повеќефакторска автентикација (MFA) за пристап на корисниците до системите за плаќање.
УАКС употребува напредни алатки кои може да идентификуваат и означат сомнителни трансакции во реално време.
За потврда на трансакциите, УАКС користи алатки како што се Услугата за верификација на адреса (AVS) и проверките на вредноста за верификација на картичката (CVV) за да ги потврди деталите на корисникот и автентичноста на плаќањето.
Како Корисник, секогаш е потребно да користите силни, уникатни лозинки за сите сметки и двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна безбедност. Се препорачува редовно следење на трансакциите преку прегледување на банкарските извештаи и извештаите од кредитните картички за рано откривање неовластена или сомнителна активност.
При вршење онлајн трансакции, секогаш бирајте бебедна интернет конекција и избегнувајте вршење финансиски трансакции преку јавни Wi-Fi мрежи.
Чувајте ги вашите мобилни телефони и компјутери безбедни со силни лозинки, ПИН-кодови или биометриски брави.
Кражба или проневера на кредитна картичка
Бидејќи УАКС не може да го гарантира идентитетот на регистрираните Корисници, Корисниците се обврзани да ја информираат УАКС доколку имаат докази дека кредитната картичка поврзана со нивниот профил на УАКС е украдена и/или злоупотребена од трето лице. Со оглед дека УАКС и нејзината платежна платформа активно ги штитат Корисниците со примена на соодветни безбедносни мерки, но доколку Корисникот не ја извести УАКС за картичката што недостасува, УАКС нема да биде одговорна за каква било злоупотреба од трети лица на сметката на Корисникот.
УАКС ги советува Корисниците да ја пријават во полиција секоја кражба, грабеж или сомнителна злоупотреба на нивната кредитна картичка. Доколку е потребно, УАКС се обврзува да соработува со Корисникот и надлежните органи со цел да обезбеди веродостојни докази за лажни обвиненија. Во случај на измама, УАКС го задржува правото да преземе било какви дејствија што може да бидат неопходни доколку е нанесена штета со злоупотребата на веб-страницата.
За онлајн плаќање со картичка, Корисникот мора да ги испрати информациите за картичката преку Платформата како начин на плаќање поврзан со неговата сметка. УАКС не ги чува броевите на картичките на своите сервери и овластени лица од страна на УАКС можат да ги видат само првите шест и последните четири цифри од картичката, каде што истите имаат потпишано Изјава за тајност. Со тоа УАКС има увид дека корисникот го извршил плаќањето со што нарачката може да биде испорачана. Целосните податоци се зачувани на серверите на даватели на платежни услуги кои вршат плаќањата во име на УАКС. Корисниците кои плаќаат со картичка нема да направат дополнителни трошоци при изборот на овој начин на плаќање. Податоците кои се потребни за внесување на картичката се следните: број на картичка,име и презиме, месец/година, CVV, опција дали корисникот сака да ја зачува или не.
Линкови и содржина на трети лица
Веб-страната може да содржи линкови до веб-страни на трети лица за ваша погодност или дополнителни информации (“Линкови од трета страна”), како и содржина од трета страна, како што се слики, графики, документи и други видови медиуми („Содржина од трета страна”). Овие линкови или содржина од трета страна не подразбираат препорака или одобрување на поврзаните страници од наша страна. УАКС нема контрола врз содржината, природата или достапноста на поврзаните веб-страници.Ние не сме одговорни по ниеден основ за Линковите од трета страна или Содржината од трета страна поврзана со нашата Веб страна. Вашата употреба на која било поврзана веб-страна и нејзината содржина е на ваш сопствен ризик, а УАКС не е одговорна за какви било штети или загуби кои би можеле да произлезат од таквата употреба.
Обврски на Корисникот
Корисниците во потполност се одговорни за прописната употреба и пристапот во својот профил и другите содржини на веб-страницата во однос со позитивното законодавство, без разлика дали е меѓународно или национално, земјата од која се употребува веб-страницата, како и начелата на добра верба, морал, општоприфатени обичаи и јавниот ред и мир. Конкретно, се обврзуваат строго да се придржуваат до овие Општи правила и услови на користење. Корисниците се одговорни за точниот внес на своите поединечни кориснички имиња и лозинки кои мораат да бидат непреносливи и доволно сложени за да не се употребуваат исти кориснички имиња и лозинки како на другите платформи, а се со цел како би ја заштитиле својата сметка од лажна употреба од трета страна или било кој друг начин на оштетување, оневозможување, да влијаат на веб-страницата или на нејзината содржина и услуги. Освен тоа, забрането е пречење на нормална употреба или користење на веб-страницата во име на другите корисници.
Генерално, Корисникот се обврзува дека: ќе се воздржи од менувања или модифицирање на веб-страницатаа во целост или во дел, заобиколувајќи, оневозможување или на било кој друг начин мапулирајќи со нивните фунцкии или услуги; ќе се воздржува од кршења на индустриски права и интелектуална права на сопственост или Законот за заштита на лични податоци и сите подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја; ќе се воздржува од користење на веб-страницата поради навреди, клеветења, заплашување или вознемирување на други корисници или напад на нивниот личен углед; ќе се воздржува од пристапување на компјутерски е-маил пошти на други корисници; ќе се воздржува од воведување на компјутерски вируси, оштетување на датотеките или било кој друг софтвер кои може да предизвика штета или промена на содржината или системот на УАКС или некоја трета страна; ќе се воздржува од испраќања масовни или повторувачки е-маил пораки на одреден број на личности или испраќање адреси на е-пошта од трета страна без нивна согласност; ќе се воздржи од огласувања на стока или услуги без претходна согласност од УАКС.
Секој Корисник може да пријави друг корисник ако верува дека тој ги прекршил овие Општи услуви за користење. Во слична ситуација како оваа, било кој може да ја извести УАКС за секоја злоупотреба или кршење на овие Услови преку образец за контакт. УАКС ќе ги провери тие извештаи што е можно порано и ќе ги превземе сите чекори за кои смета дека се прикладни, задржувајќи го правото да отстранат и/или суспендираат било кој Корисник заради кршење на овие Општи услови на користење. Понатаму, УАКС го задржува правото на отстранување и/или спречување на било кои пораки со незаконска или навредлива содржина без претходни предупредувања или дополнителни известувања.
Одговорност на Универзитет Американ Колеџ Скопје
Корисниците се одговорни за постоење на потребните услуги и опрема за прегледување на Интернет и пристап до веб-страницата на УАКС. Корисниците можат да ги пријават сите инциденти и потешкотии на електронската адреса info@uacs.edu.mk, а УАКС ќе го анализира инцидентот и ќе му испрати упати на Корисникот како да го реши тој проблем што е можно побргу. УАКС не ја контролира и не е одговорна за содржината која Корисниците ја пренеле преку веб-страницата, туку УАКС нема да биде одговорна за никаков прекин на услугата, грешките во поврзувањето, недостапноста, грешките во пристапот во интернетот, прекин на интернетот или било кои други прашања кои не се под контрола на УАКС. УАКС не прифаќа никаква одговорност за никакви сигурносни грешки кои можат да се случат или било која друга штета која може да се случи во компјутерскиот систем на Корисникот (хардвер и софтвер), или на датотеките и документите кои се наоѓаат таму, присуството на вирус во компјутерскиот систем на Корисникот или во неговиот мобилен телефон кој се користи за поврзување со содржините и услигите на веб-страницата, неисправна работа на пребарувачот; користење на застарени верзии.
Одговорност за содржината УАКС не го контролира (и не е обврзана да го контролира) начинот на кој Корисниците ја користат веб-страницата. Во тој случај не гарантира дека Корисниците ја користат веб-страницата во склад со овие Општи услови за користење или на внимателен и/или разборит начин. УАКС не го проверува (и нема никаква обврска да го проверува) идентитетот на Корисникот и вистината, моменталната валидност и /или автентичност на податоците кои ги испратиле Корисниците.
УАКС отфрла било каква одговорност за штети од било кој вид кои можат да настанат во текот на незаконските употреби на веб-страницата од страна на Корисникот или заради невистинити или информации кои веќе не се валидни, а кои Корисниците ги доставиле на другите Корисници, како и заради информации кои се непотполни и/или лажни, за било каква загуба или штета од било кој вид која може да настане заради лажното претставување на Корисникот како трета страна во било кој вид на комуникација преку веб-страницата. Без оглед на горе наведеното, УАКС го задржува полното право потполно или делимично да го ограничи пристапот на одредени Корисници, како и да ги откаже, прекине, блокира, или оттргне одредени видови на содржини, со помош на соодветни технолошки алатки, ако стане свесна дека активностите или складираните податоци се незаконси или штетни за правото и сопственоста на третата страна. Во тој случај, УАКС може да воспостави филтери кои се потребни за спречување на употреба да услугите за пренос на незаконска или штетна содржина на интернет. Кога некоја содржина на веб-страницата стане достапна, Корисниците и ги доделуваат сите права на користење на УАКС кои произлегуваат од испратената содржина.
Забрането е користење на страницата за незаконски цели. Забранет е секој обид за неовластен пристап до системи или податоци.
Ажурирање и додатоци на платформата
УАКС го задржува правото да ги промени Општите правила и услови за користење, Политиката за приватност и Политиката за колачиња во секое време и без претходна најава. Корисниците мора внимателно да ги прочитаат Општите правила и услови за користење, Политиката за приватност и Политиката за колачиња кога пристапуваат до платформата. Во секој случај, прифаќањето на Општите правила и услови за користење е важен чекор пред да пристапите до услугите и содржината достапни преку веб страницата на УАКС. Дополнително, УАКС го задржува правото да ги ажурира, менува или брише информациите содржани на веб-страницата во секое време и без претходно известување, со оглед на нивниот изглед, условите за презентација и пристап, без да прифати каква било одговорност во врска со ова. УАКС не гарантира отсуство на какви било грешки или прекини при пристапот до веб-страницата или нејзината содржина или дека таа секогаш ќе се ажурира. Без оглед на горенаведеното, УАКС, освен во околности што го отежнуваат или оневозможуваат, ќе ги преземе сите чекори за да ги исправи таквите грешки, да ја обнови комуникацијата и да ја ажурира содржината штом ќе стане свесна за грешки, недостапност или застарена содржина.
Интелектуална сопственост
УАКС е сопственик или стекнувач на лиценцата на сите права на интелектуална и индустриска сопственост содржани на веб-страницта, како и на содржината до која може да се пристапи преку неа. Правата на интелектуална сопственост на веб-страницата, како и текстот, сликите, графичкиот дизајн, структурата на прелистување, информациите и содржината на неа се сопственост на УАКС, која има ексклузивно право да ги користи овие права на кој било начин, особено правата на репродуцира, дистрибуира, објавува и менува, во согласност со законодавството за правата на интелектуална и индустриска сопственост. И покрај горенаведеното, УАКС не може да биде сопственик или стекнувач на лиценца на содржини како што се името или сликите, меѓу другото, на компании со кои УАКС нема деловен однос. Овластувањето доделено на Корисникот за пристап до веб-страницата не подразбира откажување, пренос, лиценцирање или целосно или делумно доделување на правата на интелектуална или индустриска сопственост од страна на УАКС.
Забрането е бришење, заобиколување или манипулирање со содржината на веб-страницата на УАКС. Дополнително, се забранува менување, копирање, повторна употреба, искористување, репродуцирање, објавување, создавање други или последователни публикации, прикачување датотеки, испраќање по пошта, пренесување, користење, обработка или дистрибуција на кој било начин целата или само дел од содржината содржана на веб-страницата за јавни или комерцијални цели, освен ако УАКС дала изрично писмено овласување за тоа или доколку е применливо, од сопственикот на односните права. Секој Корисник кој споделува каква било содржина од кој било вид преку и кој тврди дека ги има потребните права да го стори тоа, ја ослободува УАКС од каква било одговорност во однос на содржината и законитоста на дадените информации. Со обезбедување на содржина преку веб-страницата, Корисниците ја доделуваат на УАКС, бесплатно и во најголема мерка дозволена со важечкиот закон, правата на користење и правата на интелектуална или индустриска сопственост што произлегуваат од таквата содржина.
Применливо право
Овие Услови за користење се регулирани и толкувани во согласност со законите на Република Северна Македонија. Секој спор што произлегува од или е поврзан со овие Услови ќе биде предмет на ексклузивна надлежност на судовите во Република Северна Македонија.
Ако некоја одредба или дел од одредба од овие Услови за користење се утврди дека е незаконска, неважечка или неприменлива, таа одредба или дел од одредбата се смета дека може да се оддели од овие Услови за користење и не влијае на валидноста и извршноста на останатите одредби.
*Доколку не сте согласни со овие Општи правила и услови за користене, тогаш употребата на веб- страницата не е дозволена и истата треба да ja прекинете веднаш.