Skip to content

% Discount at UACS Alumni Businesses

Feb 16, 2021
% Discount at UACS Alumni Businesses

Почитувани студенти,

Чест ни е да ви ги претставиме АЛУМНИ бизнисите кои станаа дел од иницијативана на Универзитетското Студентско Собрание при УАКС. Сите подолу наведени бизниси им нудат значителен попуст на студентите на УАКС, со цел нивно поддржување и промоција. За секој бизнис следат дополнителни информации, соодветно. Се надеваме ќе ги поддржите, и во иднина можеби и вие ќе бидете дел од оваа листа.

  1. NIQUE FASHION - Македонски нов бренд, кој работи исклучително како е-продавница.

- 15% попуст за секој кој ќе прикаже УАКС ИД, без разлика на студент или вработен.

  1. Angie M - бренд за рачно изработени костими за капење, облека за на плажа и спортска опрема.

- 15% попуст за секој студент кој ќе прикаже УАКС ИД

  1. The Daydream – “The Daydream Planner” е совршено катче за ослободување на сопствената креативност и поттик на личната систематизираност и организација. Нашата цел е овој планер да стане тајната на сите мечтатели кои сакаат да останат на врвот на своите одговорности, обврски, цели и соништа.

- Кодот за 10% попуст кој може да се користи во нашата online продавница е: TDXUACS10Напомена: Во делот за коментар при правење на нарачката потребно е да биде внесен ИД бројот. Попустот не важи на веќе намалени производи.

  1. BeautyHub - е платформа каде може да најдете сè што ве интересира за нега на лице - ќе прочитате актуелни и детално истражени совети како и совети од дерматолози и ќе дојдете до оној порцелански тен кој го посакувате, без да го пребарувате целиот интернет. На BeautyHub, ќе можете да најдете и многу квалитетни производи, внимателно одбрани за да обезбедат максимална и квалитетна нега и да ги следат основните чекори за вистински порцелански сјај.

- за студентите на УАКС попуст од 15% во текот на целата година, со специјален код генериран за таа намена

  1. Студио Примма- е центар за странски јазици и студио за изработка на превод од разни области.

- 10% попуст за секој студент кој ќе прикаже УАКС ИД

Choose your future.

View all schools