Skip to content

Гостинско предавање на генералниот директор на хотел „Бест вестерн турист“ по предметот Вовед во маркетинг

Apr 03, 2017
Гостинско предавање на генералниот директор на хотел „Бест вестерн турист“ по предметот Вовед во маркетинг

На 27 март (понеделник) 2017 година, студентите од прва година додипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, имаа задоволство да следат гостинско предавање одржано од г-ѓа Ана Таневска-Ѓорѓиевска, генерален директор на хотелот „Бест вестерн турист“.

Хотелот „Бест вестерн турист“ е хотел во приватна сопственост, кој од 2002 година работи како дел од најголемиот ланец на хотели во светот, „Бест вестерн“.

Студентите имаа единствена можност да стекнат повеќе знаења за маркетингот во услужната дејност, а особено за маркетингот во угостителството и меѓународното брендирање.

Воедно, тие ја согледаа разликата меѓу рекламирање на производ и рекламирање на услуга и научија нешто повеќе за брендирањето и корпоративниот углед на меѓународно познат бренд. Предавањето се одржа во рамки на предметот ‘Вовед во маркетинг’.

Choose your future.

View all schools