HR тимот на Стопанска банка АД Скопје говори за професионалниот ангажман на УАКС студентите
Разговаравме со Билјана Санев, HR Business Partners Manager и Даниела Радевска, HR Business Partner во Стопанска банка АД Скопје. 
Што ги издвојува студентите на УАКС од другите?
Дали студентите на УАКС се прилагодуваат брзо на работното место? - УАКС го третира секој студент како член на семејството, што е и мото на нашата компанија. Традиционално нудиме можност за практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии. Со оглед дека секое работно место има свои специфичности, особено во банкарскиот свет можам да кажам дека сме многу задоволни од професионалниот ангажман на студентите кои изведуваа практична настава кај нас од аспект на прилагодување на студентот на самото работно место, професионален однос и етика, стекнати вештини и знаења, како и квалитетно завршување на зададени задачи.
Зошто при вработување нови кадри ги бирате дипломците на УАКС? - Со УАКС градиме силни и трајни врски се со цел на студентите да им се обезбедат можности за практична настава, како и градење на професионална кариера. Воедно ние како преставници од областа на човечки ресурси имаме и советодавна улога во однос на нивно кариерно напредување, како и давање на соодветна помош и советување за стратегии за барање работа.
Што ги издвојува студентите на УАКС од другите?
Дали студентите на УАКС се прилагодуваат брзо на работното место? - Од досегашното искуство со студентите на УАКС ги издвојувам покрај теоретското знаење, нивниот ентузијазам, енергија, припадност кон тимот и мотивот за стекнување практично знаење со кое го трасираат својот иден професионален развој.
Зошто при вработување нови кадри ги бирате дипломците на УАКС? - Квалитетното образование, индивидуалниот пристап кон студентот, развивање на неговите професионални и технички способности, се фактори кои им овозможуваат на студентите на УАКС да котираат високо на пазарот на трудот што ги прави посакуван дел од тимот на Стопанска банка АД Скопје.