Skip to content

ИТ практикантска работа во ОКТА

Jan 15, 2021
ИТ практикантска работа во ОКТА

СООПШТЕНИЕ ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје

Услови за аплицирање: 1. Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии. 2. Студентот да биде од некои од следниве смерови: Софтверско инженерство; Компјутерски мрежи; Управување со информациски системи. 3. Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик. 4. Студентот да има познавање на компјутерски вештини - Microsoft Office.

Број на практиканти: 1

Времетраење на пракса: Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во ОКТА АД – Скопје извршувајќи задачи во Секторот за Информациска технологија, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 01.02.2021год.

Обврска на практикантот: - да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба. - континуирано да води дневник за текот на праксата. - задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.

Обврска на компанијата: - да му обезбеди ментор на практикантот. - да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата. - да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.grИзбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат. Огласот е отворен најдоцна до 25.01.2021год.

Choose your future.

View all schools