КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕЛОВНА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИСКИ НАУКИ ПРИ УАКС
Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
Како дел од Програмата за поттикнување на вработување и развој на млади таленти, Цементарница УСЈЕ објавува
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
на Факултетот за деловна економија и организациски науки, насока МБА или Менаџмент
**Универзитет Американ Колеџ Скопје
Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2021 /2022 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки за насоките МБА или Менаџмент. 2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови: 1. Да имаат просек од минимум 8 во текот на додипломските студии;
2. Одлично познавање англиски јазик;
3. Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.
Потребни документи за конкурсот:
НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната www.usje.mk на Цементарница УСЈЕ во делот за Кариера, Придружете ни се (https://usje.mk/mk/kariera/pridruzhete-ni-se/)и да ги прикачат потребните документи **почнувајќи од 11.01.2022 година до 18.01.2022 година.**4. Селекција
Селекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат контактирани. Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, попречености, сексуална ориентација, религија или убедување.