Skip to content

Либерален Институт Скопје објавува јавен повик за учесници, креатори на младински политики

Feb 01, 2022
Либерален Институт Скопје објавува јавен повик за учесници, креатори на младински политики

Либерален Институт Скопје објавува јавен повик за учесници/чки на возраст од 18-29 години за учество во KA154-YOU-Youth participation activities во 7 - месечен тренинг (еден викенд месечно) за учество на младите во граѓанското општество и подигање на свеста за заедничките вредности на Европската Унија, промовирајќи еднакви можности за млади луѓе од различно културно, социјално и економско потекло. Нашата цел е да ги поттикнеме младите луѓе да бидат активни учесници и креатори на младински политики, да обезбедиме можност за нивно активно вклучување во планирањето на активностите и процесот на одлучување на организациско ниво и подигање свесноста за заедничките вредности и приоритети на ЕУ, како и за Законот за млади во Северна Македонија преку работилници за тимски активности, подготовка на стратегија и акционен план и проектно планирање на одредена тема - Мобинг против жените на работното место.

🗓 Обуката ќе биде спроведена од 15 Февруари до 15 Август 2022 година.

⏳ Рокот за пријавување е до 07.02.2022 година.

⬇️Во прилог линкот за пријавување:

https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx...

📩Сите информации за обуката можете да ги добиете на следниот маил: info@lis-mk.com и на 078-689/500.

Choose your future.

View all schools