Skip to content

Маја Цветанова, Маркетинг Менаџер од Макпрогрес, гостин предавач на УАКС

Oct 25, 2021
Маја Цветанова, Маркетинг Менаџер од Макпрогрес, гостин предавач на УАКС

На предавањата имавме можност да слушнеме за стратегијата за раст и развој на Макпрогрес, за производствено портфолио на Макпрогрес и нивните познати линии на производи Винчини, Сончева Долина, Дониа, Натура, Фантазија, Армонија, и др., за извозниот маркетинг на компанијата, за новите инвестиции, за деловните одлуки за аквизиции со цел проширување на производствено портфолио и сл.

Покрај целосното практичнa примена на маркетинг концептот во најголемиот извозник на кондиторски производи од нашата земја, задоволство беше да се чуе и за новите инвестиции на Макпрогрес, како и за отворањето на Винчини академијата за чоколадо како и производството на craft чоколадо како прв ваков концепт во нашата земја.

Предавањето беше одлична можност да се увиди дека теоретскиот дел кој го обработуваме на нашите предавања е целосно применлив во пракса.

Choose your future.

View all schools