Skip to content

Наши студенти вклучени во работата на сесии за психологија на возрасни лица

Feb 16, 2018
Наши студенти вклучени во работата на сесии за психологија на возрасни лица

Во февруари 2018 година, студенти од втора година по психологија од УАКС и нивната професорка по психологија на возрасните, д-р Благица Ризоска Ваниќ, имаа можност да се вклучат во практични работни сесии за психологија на возрасни лица, кои се дел од проектот „Активно живеење“, кој го спроведува Македонската национална организација за гешталт-терапија „Контакт“. Овие сесии се организирани преку програмата „Акција за социјална вклученост на возрасни лица“, која е поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, а на национално ниво ја спроведуваат Црвениот крст на Република Македонија и организацијата „Хуманост“. За време на сесиите, студентите имаа можност да ги препознаат потенцијалите што произлегуваат од личните животни искуства на возрасните, како и потребите од помош и поддршка за ментално здрав живот. Користејќи разновидни гешталт психотерапевтски алатки и методи, на возрасните лица им се овозможува поддршка во процесот на активно живеење. Исто така, студентите проследија и предавање за комуникација со возрасни лица и разговараа за соодветни комуникациски техники и стратегии за справување со конфликти. „Групната динамика меѓу предавачот и возрасните учесници беше многу практична и корисна“, вели Доне Донев, еден од студентите од УАКС што учествуваа во сесиите.

[gallery ids="10492,10491,10487"]

Choose your future.

View all schools