Skip to content

Нов превод од проф. д-р Иван Додовски

Jan 17, 2018
Нов превод од проф. д-р Иван Додовски

Најновиот превод од англиски на македонски на д-р Иван Додовски, професор по критичка теорија и литература на УАКС, го објави Скопската православна епархија возглавена од архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан. Зборникот со наслов Ширење на срцето: „Бидете и вие широки“ (2 Коринтјаните 6: 13) во богословието на свети Силуан Атонски и на старец Софрониј од Есекс содржи низа извонредни предавања за природата и целта на човековото постоење, произнесени во Вичита, Канзас, на свештеничкиот собир на Антиохиската Православна Црква во Америка во 2001 година. Авторот д-р Захариј Захару е архимандрит на Патријаршискиот ставропигијален манастир „Св. Јован Крстител“ во Есекс, Англија (под јурисдикција на Вселенската патријаршија) и еден од најпознатите светски богослови и монашки водачи на современото православие. Д-р Захариј Захару студирал теологија на Институтот Св. Сергеј во Париз, како и на Универзитетот во Солун, каде што и докторирал. Во мај 2011 година, на д-р Захариј Захару му беше доделен почесен докторат од Православната богословската семинарија „Св. Тихон“ во САД, како признание за неговиот исклучителен придонес кон духовниот живот на Црквата во Америка.

Choose your future.

View all schools