Оглас за проектен асистент во Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје
АЛДА Скопје е подружница на Европската асоцијација за локална демократија АЛДА со седиште во Франција. АЛДА е организација посветена на промовирањето на добро владеење и граѓанско учество на локално ниво. АЛДА особено се фокусира на активности кои ја потикнуваат соработката помеѓу локалните власти и граѓанските организации во Европската унија и пошироко.
АЛДА Скопје е регионалната канцеларија на АЛДА, одговорна за членовите од Западен Балкан и ги спроведува проектите на АЛДА во Северна Македонија и регионот.
За спроведување на активностите и проектите АЛДА Скопје има потреба од проектен асистент.
Завршено високо образование (предност од областа на општествени науки). Една година работно искуство (предност од областа на спроведување проекти и граѓански сектор)
Доколку сте заинтересирани , испратете ја вашата кратка биографија со мотивационо писмо до 10 јуни 2021 година на aldaskopje@aldaintranet.org. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.