Огласи за Народна Банка
Народната банка на Република Северна Македонија, денеска (01 ноември 2023 година-среда), во дневните весници „Коха“ и „Слободен печат“, објави оглас за вработување на 6 извршители на определено време, и тоа:
- 1 извршител на работното место „помлад супервизор почетен II степен“ во Дирекцијата за теренска супервизија во траење од 1 година;
- 2 извршители во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, од кои 1 извршител на работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Отсекот за емисионо сметководство и 1 извршител на работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Рефератот за финансиско и материјално сметководство во Отсекот за финансиско – материјални и пресметковни работи, на определено време во траење од 2 години;
- 1 извршител на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за апликации, на определено време во траење од 2 години;
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи во Дирекцијата за ИТ инфраструктура на определено време во траење од 2 години и
- 1 извршител на работното место „хигиеничар почетен степен“ во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, на определено време во траење од 1 година.
Рокот за пријавување на кандидати ќе трае заклучно со 10 ноември 2023 година.
[ct_button id="button_67" size="small" solid="0" link="https://uacs.edu.mk/home/wp-content/uploads/2016/02/Оглас-6-извршители-ТС-ФСК-АП-ДИТ-и-ТОО-октомври-2023.docx" icon="" arrow="1" color="#C70039" css_animation="" animation_delay=""]Оглас Народна Банка[/ct_button]