Skip to content

Отворена покана за практиканство во Триглав пензиско друштво АД Скопје

Jun 15, 2023
Отворена покана за  практиканство во Триглав пензиско друштво АД Скопје

Триглав пензиско друштво АД Скопје упатува отворена покана за практиканство за сите заинтересирани студенти на УАКС.

Практичниот ангажман опфаќа:

  • запознавање со основите и проширување на знаењето за пазарот капитално финансирано пензиско осигурување;
  • запознавање со процесите на администрирање и управување со сметките на клиентите на друштвото;
  • употреба и промоција на дигиталните алатки во продажните практики и настап на пазарот;
  • запознавање со основите на маркетиншките и продажните процеси.

Формата и содржината на практичната работа подразбира:

  • „On the job coaching & shadowing“ од страна на професионално вработено лице;
  • Интересна и динамична работна атмосфера со можност за личен и стручен развој;
  • Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови практични искуства;
  • Можност за иден професионален ангажман во агентската мрежа на друштвото.

Работните обврски ќе бидат во делокругот на работење на Секторите за продажба и маркетинг и Администрирање на сметки на клиенти.

Заинтересираните кандидати да пратат свое резиме CV, на Гордана Костова - gordana.kostova@triglavpenzisko.mk

Choose your future.

View all schools