Платена пракса во ОКТА во секторот за КОО и комуникации
СООПШТЕНИЕ
ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со
Универзитет Американ Колеџ – Скопје
Услови за аплицирање: 1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии. 2. Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик. 3. Студентот да има познавање на компјутерски вештини - Microsoft Office. Времетраење на пракса: Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во Секторот за КОО и комуникации, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 13.06.2022 година.
Обврска на практикантот: - да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба. - континуирано да води дневник за текот на праксата. - задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.
Обврска на компанијата: - да му обезбеди ментор на практикантот. - да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата. - да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.
Цели на праксата - Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина. - Практикантот ќе биде под директно менторство на менаџерот за КОО и комуникации, истовремено асистирајќи во повеќе сфери на работа.
Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат. Огласот е отворен најдоцна до 03.06.2022 год.