Skip to content

ПЛАТЕНА ПРАКСА за УАКС студенти во Триглав Пензиско Друштво

May 05, 2021
ПЛАТЕНА ПРАКСА за УАКС студенти во Триглав Пензиско Друштво

Почитувани УАКС студенти,

Во тек е отворен конкурс за ПЛАТЕНА ПРАКСА во Триглав Пензиско Друштво!

Ве охрабруваме да се пријавите.

Работните обврски на практикантите се следните: - Администрирање со индивидуални задолжителни, индивидуални доброволни сметки на членовите и професионални сметки на членовите на пензиските фондови;

- Вчитување, контрола, корекции од електронска база на податоци;

- Грижа за сметките и пот-сметките во пензиските фондови и известување на членовите и пензионираните членови;

- Работи на подготовка и склучување на договори за членство во задолжителен пензиски фонд и доброволен пензиски фонд;

- Комуникација со потенцијални и постоечки клиенти со цел закажување на состаноци во врска со активностите на стручните соработници за продажба; - Техничка поддршка и помош на стручните соработници за продажба и следење во извршување на нивните активности: - Подготовка на бази на податоци за потенцијални клиенти (правни лица и индивидуалци); - Подготовка на документација за потенцијални и постоечки клиенти - (статути, информативни проспекти, регулатива и друго).

Во контекст на овие работни задачи, Триглав Пензиско Друштво го нуди следново:

∙ Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;

∙ Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;

∙ Стручно усовршување и проширување на знаењето за пензиските и доброволните фондови во Македонија;

∙ Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

. On the job coaching & shadowing од страна на професионално вработено лице.

. Можност за идно вработување или подготовка за позиција надворешен агент на друштвото.

Заинтересираните кандидати да пратат свое резиме CV, на Габриела Неделковска, gabriela.nedelkovska@triglavpenzisko.mk.

Choose your future.

View all schools