Skip to content

Посета на професор на ФСЈ при УАКС преку Еразмус+

Oct 10, 2017
Посета на професор на ФСЈ при УАКС преку Еразмус+

[gallery ids="9532,9533,9534,9535"]

Во периодот од 18 до 22 септември 2017, Факултетот за странски јазици при УАКС беше домаќин на д-р Марлена Биелак од Универзитетот за применети науки „Станислав Стажиќ“ во Пила, Полска. Таа одржа предавање пред студентите од ФСЈ и сподели искуства со нив за начинот на кој тие предаваат Лингвистика на нивниот универзитет. Таа ги посети предавањата по предметите 'Лингвистика', 'Синтакса' и 'Фонетика', и дискутираше за интересот на студентите за лингвистика.

Еднонеделната посета беше остварена во рамки на соработката која Универзитет Американ Колеџ Скопје ја има склучено со Универзитетот за применети науки „Станислав Стажиќ“ во Пила, Полска, како дел од програмата Еразмус+.

Choose your future.

View all schools