Skip to content

Повик за Дебатен клуб на УАКС

Mar 06, 2018
Повик за Дебатен клуб на УАКС

Доколку сте заинтересирани да се вклучите во дебата за современи проблеми кои го засегаат нашето општество и светот, срдечно ве покануваме да се приклучите во Дебатниот клуб на УАКС.

Дебатниот клуб на УАКС е место за размена на идеи, стекнување на широки и разнолики знаења во различни области и развивање на различни вештини, како аргументативно и критичко размислување, јавно говорење и градење доверба за шест години.

Доколку сакате да ја развиете или дополнително подобрите вашата реторичка елоквентност, самоувереност и самодоверба, доколку сакате да дознаете како да ги структурирате и организирате своите мисли и идеи, доколку сакате да ја подобрите вашата способност за формирање избалансирани и информативни аргументи, и како ефективно да користите резонирање и докази, придружете ни се!

Дебатниот клуб на УАКС ги отвора своите врати за студентите од сите факултети и студиски години на УАКС. Работен јазик е македонски и/или англиски.

На крајот на академската година, Дебатниот клуб на УАКС ги заокружува своите активности со натпревар. Сите членови на Дебатниот клуб ќе добијат сертификат за учество.

Дебатниот клуб организира средби секоја среда, со почеток во 15:30 часот, во просторија 4А.

Дебатниот клуб на УАКС беше инициран од доц. д-р Ивана Трајаноска, со цел да се поттикне вклученост на студентите во општествените прашања, поттикнување на критичкото размислување и развивање на тимскиот дух.

Пријавете се на ел. пошта: trajanoska@uacs.edu.mk.

Отворениот повик за Дебатниот клуб на УАКС е достапен на следниот .

Choose your future.

View all schools