Skip to content

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ за организацијата Младински Сојуз

May 28, 2024
ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ за организацијата Младински Сојуз

За организацијатаМладински Сојуз е независна, невладина, неполитичка и непрофитна организација основана во 1999 година. Нашите членови (70-80 членови) се млади луѓе помеѓу 15 и 35 години, кои работат, студираат или изразуваат интерес во процесите на ЕУ интеграција на нашата земја. МСК е воден од страна на младите луѓе за млади луѓе, овозможувајќи им големо искуство за сите нејзини чинители.

За повикотПреку три месечна практикантска програма Младински сојуз ќе обезбеди финансиски надоместок за 3 млади лица. Дополнително, нашата организација ќе ги мапира интересите на младите луѓе во различните програми од организацијата со цел понатамошно вработување на младите, по завршување на праксата.

Услови и обврски за учество во програматаСите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да: • Бидат на возраст од 16 до 29 години • Да не се во работен однос • Да имаат завршено најмалку основно образование • Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од три месеци во назначен правен субјект.

Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа: • Назначено ментор лице во нашата организација кое ќе ги следи во текот на целата пракса • Месечен нето надоместок во висина од 12 000 денари • Можности за учество и вмрежување на настани од нашата организација и партнерски организации • Можност за вработување по завршување на практиканството • Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните: • Уредно, совесно и навремено извршување на доверените задачи; • Учество во секојдневната работа на правниот субјект каде ќе биде извршувана практиканстската работа • Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на практиканството • Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на правниот субјект каде се извршува практиканството.

Начин на пријавувањеЗаинтересираните кандидати треба да испратат писмо за мотивација и кратка биографија најдоцна до 31 мај 2024, до полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за повикот, слободно обратете се нa biljana@youthalliance.org.mk или на 078 30 52 51.

Choose your future.

View all schools