Skip to content

Пракса во Grant Thornton International

May 26, 2022
Пракса во Grant Thornton International

Почитувани УАКС студенти,

Грант Торнтон, grantthornton.mk, е дел од една од водечките организации во светот, Grant Thornton International, составена од независни фирми кои обезбедуваат широк спектар на ревизорски, даночни и советодавни услуги. Доколку имате желба да стекнете знаење од искусни професионалци и сакате да бидете дел од нивниот тим, аплицирајте за практиканска работа во секторот за Ревизија.

Улога во тимот:

  • Можност за 3 месечна пракса во секторот за ревизија
  • Учествување во извршување активности на проверка, ревизија и контрола
  • Уредно водење на документацијата во согласност политиките на фирмата
  • Нето Месечен надоместок од15,000 до 18,000 мкд
  • Отворени 6 позиции

Потребни квалификации и компетенции:

  • Студентод факултет за економски науки од било која студентска година
  • Одлично познавање на Microsoft Office
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
  • Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи информации
  • Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да ја испратите вашата кратка биографија со фотографија на Careers@mk.gt.com најдоцна до 30.05.2022 година.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Напоменуваме дека ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови.

Choose your future.

View all schools