Пракса во GS VISUALS
Ние:
- Бараме 3Д артист со или без работно искуство кој ќе се приклучи на нашиот тим во Скопје,
- Моделираме во AutoCAD, ArchiCAD и 3ds Max,
- Рендерираме со „Corona renderer “ и „V-ray render engine“ ,
- Работиме постпродукција во „Adobe Photoshop“, „Adobe After Effects“ и „Adobe Premiere“,
- Ќе Ви помогнеме за ваше постојано подобрување со континуирано споделување на нашето знаење и константно давање на насоки за вашиот професионален развој како дел од нашиот тим,
- Веруваме дека пријатната работна атмосфера е клучна за константна мотивација како и воспоставувањето на добар баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Доколку Вие:
- Уживате во креирање на високо квалитетни и фотореалистични слики и анимации кои се според највисоките стандарди во оваа индустрија,
- Сакате тимска работа и секојдневно споделување на нови идеи,
- Имате „око“ за композиција, современи идеи за уредување на просторот, познавање од внатрешен дизајн, партерно уредување, познавање на материјали и нивна соодветна примена,
- Имате предзнаења во сферата на 3Д визуелизација и горенаведените програми за изработка,
- Имате архитектонска или дизајнерска едукација,
- Добро се снаоѓате со работа во зададени рокови и сè уште сте мотивирани за испорачување на високо квалитетни слики и анимации,
Ве молиме испратете го вашето портфолио и CV на :
info@gs-visuals.com
Повеќе информации за нас на :
www.gs-visuals.com
www.instagram.com/gs_visuals_archviz/
https://www.behance.net/info068b