Skip to content

Практикантска работа во Флеш Консалтинг

Sep 13, 2022
Практикантска работа во Флеш Консалтинг

Флеш Консалтинг објавува конкурс за практикантска работа во соработка со

Универзитет Американ Колеџ Скопје

**Услови за аплицирање:**1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии. Ќе се земат во предвид и апликации од студенти од 2-ра година, доколку поседуваат препораки од претходни пракси. 2. Студентот да биде мотивиран за работа со прогресивен пристап во областа на финансии, сметководство, ревизија и консалтинг. 3. Студентот да биде од некој од следните смерови: Финансиски менаџмент; Сметководство и ревизија 4. Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик. 5. Студентот да има познавање на компјутерски вештини – MICROSOFT OFFICE.

Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во Флеш Консалтинг Скопје, извршувајќи задачи како дел од нашиот Клуб за млади експерти, во временски период и работно време по договор.

Обврска на компанијата:• Да му обезбеди ментор на практикантот. • Да обезбеди финансиски надомест за минимални оперативни трошоци. • Да му издаде потврда за остварена пракса на студентот доколку е потребна.

Цели на праксатаОчекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство со работа во динамична и модерна средина. Практикантот ќе биде под директно менторство на долгогодишни експерти од областа на сметководство, даночен консалтинг и финансиско известување.

Сите кандидати е потребно да испратат СУ на следниот контакт: contact@flc.com.mk. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат. Огласот е отворен додека не се исполнат слободните места.

Flash Consulting DOO

ul Franklin Ruzvelt 11/5,Skopje

tel. 023113160

www.flc.com.mk

Choose your future.

View all schools