Skip to content

Практикантска работа во ОКТА

Mar 30, 2023
Практикантска работа во ОКТА

ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Универзитет Американ Колеџ – Скопје

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
  2. Студентот да има средно - високо познавање на англиски јазик.
  3. Студентот да има познавање на компјутерски вештини - Microsoft Office.

Времетраење на пракса:
Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во Секторот Набава, во временски период од 3 месеци, со полно работно
време. Праксата ќе започне на 12.04.2023 година.

Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Цели на праксата

  • Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
  • Практикантот ќе биде под директно менторство на менаџерот во сектор Набава, истовремено асистирајќи во повеќе сфери на работа.
  • Набава е сектор под дирекција за финансии и администрација, и ги опфаќа следниве активности – набавка на сите материјали и услуги потребни за непречено функционирање на компанијата. Практикантот ќе има директна можност за зголемување на своето знаење од аспект на напреден Microsoft Excel, напреден англиски јазик и деловна комуникација.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr.

При доставување на пријавата кандидатите да наведат за кој пракса аплицираат, Секторот Набава.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 05.04.2023 год.

Choose your future.

View all schools