Skip to content

Проф. Томе Неновски, Ректор на УАКС, беше реизбран за Претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи на РСМ

Mar 23, 2021
Проф. Томе Неновски, Ректор на УАКС, беше реизбран за Претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи на РСМ

Вчера, 22.03.2021 г. преку онлајн платформата Webex се одржа 7-та седница на Конференцијата на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија (КПВУ), тело кое работи на развивање на меѓусебната соработка во областа на високообразовната и научно-истражувачка работа, во согласност со заедничките цели и интереси на спогодбените страни.

По двегодишната работа на КПВУ, професор Томе Неновски, Ректор на УАКС, беше реизбран за Претседател на КПВУ, а Марина Стојановска, Заменик генерален секретар на УАКС беше избрана за Генерален секретар на КПВУ.

Ова тело е единствено од ваков карактер во земјата и придонесува за развојот на јавните политики во сферата на високото образование во земјата и пошироко.

Choose your future.

View all schools