Psych Lab при УАКС организира онлајн работилница на тема “Не знаеш од каде да почнеш? Прашај психолог!”
Целта на овoj информативен вебинар е подигање на свеста на јавното мислење и разбивање на стигмата за посета на психолог и психотерапија. Кога? - 24.11.2021 (среда)
Место? - **Онлајн (Webex)**Време? - 18:30ч
Секојдневно се соочуваме со проблеми со кои полесно би можеле да се справиме доколку ги споделиме и добиеме стручен совет од лиценцирано лице. За таа цел, на овој вебинар ќе дознаете повеќе информации за Разговор.мк - онлајн платформа која овозможува брз, едноставен и анонимен пристап до професионални психолози и психотерапевти по пристапни цени.
Специјален гостин на овој вебинар ќе биде Розалија Секулоска, м-р по развојна психологија, дел од тимот на разговор.мк.
Информативниот вебинар ќе се одржи онлајн на македонски јазик. За сите присутни на вебинарот спремно е изненадување!
*Задолжително пријавување на следниот линк: https://bit.ly/2Z0IRyQ
Линкот за вклучување на настанот ќе ви биде испратен по мејл; проверете го и спам сандачето.
Доколку имате прашања исконтактирајте не’ на psychlab@uacs.edu.mk или во инбокс на инстаграм @psychlab_uacs