Skip to content

Публикација на проф. Марина Андева во Научното списание за етнополитика и малцински прашања во Европа

Sep 26, 2017
Публикација на проф. Марина Андева во Научното списание за етнополитика и малцински прашања во Европа

Проф. Марина Андева, вонреден професор на Факултетот за Политички Науки при УАКС, публикуваше труд насловен “Дали миграцијата може да загрози основни човекови права? Ситуацијата на ромското малцинство во Македонија“ во специјалното издание на JEMIE - Списание за етнополитика и малцински прашања во Европа.

JEMIE - Списание за етнополитика и малцински прашања во Европа, е електронско научно списание едитирано и ревидирано од страна на Европскиот Центар за Малцински Прашања (ECMI).

Специјалното издание “Малцинските права и новата миграција“ е достапно на следниот линк: http://www.ecmi.de/publications/detail/issue-22017-370/

Choose your future.

View all schools