Skip to content

Студенти на ФКТИ освоија 2ро место на Global Game Jam 2018

Jan 31, 2019
Студенти на ФКТИ освоија 2ро место на Global Game Jam 2018

Global Game Jam е најголемиот глобален настан за развивање на игри. Се одржува еднаш годишно истовремено на голем број локации во вид на 48-часовен маратон на кој се креираат игри за секаков вид платформи. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање.

Настанот е наменет за ентузијасти, студенти, средношколци и професионалци од различни сфери кои имаат интерес во областа на игри и креирање на игри. Девелопери, гејм дизајнери, 2Д артисти, 3Д моделери, саунд дизајнери, продуценти, експерти за монетизација и социјални медиуми. Ова е совршено место каде може да остварите нови контакти со сите профили од индустријата, размените знаење и/или заедно да креирате игри.

Оваа година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри. Во нашата држава се одржи на две локации, во Скопје и во Битола.

Во Скопје се одржа на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) на кој учествиваа двајца учесници од Факултетот за Компјутерска Техника и Информатика при УАКС - Ана Марија Петрушевска и нејзиниот колега Предраг Николиќ.

Нивната игра, односно играта креирана од страна на нивниот тим, го освои 2-рото место на глобално ниво!

По разговор со Ана Марија, таа со нас ја сподели агендата и неколку детали за настанот.

“Во петокот во 19:00 часот имавме презентација на која беше објавена темата на која ние треба да изработиме игра. Темата не ја знае никој, се презентира насекаде во светот во ист временски период и за сите е иста. Темата оваа година беше “Што домот значи за тебе?“.

Јас и Предраг бидејќи учествувавме прва година и не знаевме што не очекува побаравме да влеземе во некој тим кој има потреба од програмери и графички дизајнер. Бевме тим од 6 луѓе, 2 сенори и 4 јуниори. 2 од нив беа ученици од средното училиште " Раде Јовчевски- Кoрчагин", 1 од " Орце Николов" и " Јахија Кемал". Нашиот тим беше составен од најмали членови, другите лугје од тимовите беа повозрасни од нас, вработени, искуни.

https://globalgamejam.org/2019/games?title=&country=MK&city=&tools=All&diversifier=All&platforms=All&other_tools=All

На овој линк се прикачени 20 игри кои беа направени оваа година на овој маратон. Нашата игра се вика Wi, и освои 2ро место. Комисијата беше составена од:

1. Танер Селим - Основач на студиото SnowBall Games кое е некаков тим составен од академијата Seavus.

2. Здравко Николовски од Netcetra

3. Jixian Wang - Pickatale- read, listen and learn!

4. Владислав Бидиков - Советник во одделение за ИКТ на ФИНКИ

Имаше уште 2 членови на жирито ама не им ги памтам имињата.

Настанот беше одлично организиран и беше прекрасно искуство, забава и запознавање на многу нови пријатели.

Наредна година ќе се појавиме со целосен состав од УАКС! “

Ова со нас го сподели нашата студентка Ана Марија, а за повеќе детали за самиот настан посете го facebook настанот и погледнете го видеото:

https://www.facebook.com/events/432938147244407/ https://www.facebook.com/RSEMK/videos/2198362430431928/

Choose your future.

View all schools