Skip to content

Студентите на Факултетот за правни науки при УАКС во посета на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС)

Apr 28, 2017
Студентите на Факултетот за правни науки при УАКС во посета  на Заедницата на единиците на локалната самоуправа  на Република Македонија (ЗЕЛС)

На 27 април (чеврток) 2017 година, студентите на Факултетот за правни науки при УАКС, кои посетуваат настава по предмети кај проф. д-р Зоран Шапуриќ и доц. д-р Марина Андева, ја посетија Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).

Студентите имаа можност да се запознаат со работата на ЗЕЛС и да стекнат повеќе знаења за развојот на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.

Директорката, г-ѓа Душица Перишиќ ги презентираше активностите на ЗЕЛС кои се насочени кон подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.

ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација во која доброволно членуваат сите општини во Република Македонија.

Choose your future.

View all schools