Skip to content

Студентите на ФПРН при УАКС учествуваа во симулација на судење во Основниот суд Скопје II Скопје

Jun 05, 2017
Студентите на ФПРН при УАКС учествуваа во симулација на судење во Основниот суд Скопје II Скопје

На 22 мај 2017 година, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, студентите на Факултетот за правни науки (ФПРН) при Универзитет Американ Колеџ Скопје, активно учествуваа во симулација на судење, која се одржа во Основниот суд Скопје II Скопје.

Симулираното судење се одвиваше под менторство на судијката Љубица Колиќ од Основниот суд Скопје II Скопје, а беше разработуван случај од областа на граѓанското право. Студентите од ФПРН учествуваа како судии-поротници, додека дел од слушателите на почетната обука од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, активно учествуваа во постапката.

Повеќе информации за симулираното судење се достапни на официјалната веб страница на Академик, на следниот линк.

[gallery ids="8870,8867,8866,8865"]

Choose your future.

View all schools