Skip to content

Студентите на УАКС учествуваа во годишната конференција на Македонската асоцијација за управување со отпад

Dec 07, 2017
Студентите на УАКС учествуваа во годишната конференција на Македонската асоцијација за управување со отпад

Студентите на УАКС кои ги слушаат предметите eкологија и одржлив развој и закон за животната средина со проф. д-р Зоран Шапуриќ, учествуваа на Годишната конференција на Македонската асоцијација за управување со отпад (МаСВА) насловена „Вмрежување на Македонија во светските трендови за управување со цврстиот отпад“. Оваа конференција беше посветена на можностите за подобрување на интегрираното управување со отпад во согласност со стандардите на Европската Унија. Студентите имаа можност да научат нешто повеќе за начините на примена и користење на претпристапните фондови, наменети за влез во ЕУ.

Годишната конференција на Македонската асоцијација за управување со отпад (МаСВА) се одржа во периодот 23-24 ноември 2017 година во Скопје, Република Македонија.

[gallery ids="10107,10108"]

Choose your future.

View all schools