Skip to content

Студентите на УАКС во посета на депонијата „Дрисла”

Mar 03, 2017
Студентите на УАКС во посета на депонијата „Дрисла”

На 28 февруари (вторник) 2017 година, студентите на Факултетот за правни науки при УАКС, кои следат настава по предметот Екологија и одржлив развој со предметниот наставник, проф. д-р Зоран Шапуриќ, беа во посета на депонијата „Дрисла” во Скопје.

За време на посетата на депонијата, студентите имаа можност да се запознаат со третманот на комуналниот отпад, на медицинскиот отпад и на отпадот од азбест, како и со деталните процеси на управувањето со отпадот во депонијата.

Исто така, студентите имаа можност да се запознаат со идните планови на  странскиот инвеститор, FCL Ambiente од Италија, кој говореше за инвестициите во областа на модернизација на менаџирањето со отпадот во депонијата.

Choose your future.

View all schools