Skip to content

Студентите од ФСЈ во посета на Ад Вербум

Apr 16, 2018
Студентите од ФСЈ во посета на Ад Вербум

На 11 април 2018 година, студентите од Факултетот за странски јазици при УАКС кои го слушаат предметот Подготовка за превод и толкување, заедно со нивниот предметен наставник, вон. проф. д-р Марјана Ванева, беа во посета на агенцијата за превод, толкување и издаваштво, „Ад Вербум“.

Претставник од компанијата, искусен преведувач и толкувач, и сегашен рецензент на работата на помладите преведувачи, им се обрати на студентите. Таа им појасни каква е професијата за превод и толкување, како и кои се предизвиците и задоволството кои тие ќе ги имаат од оваа работа. Воедно, таа го сподели своето лично искуство за патот кој што требало да го помине за време на нејзиниот професионален развој и надградување на своите вештини.

Исто така, студентите остварија средба и со тим на преведувачи, и имаа можност да ја искусат работната атмосфера на преведувачите. Тие практично беа запознаени со програмите за преведување кои се користат во професионалниот живот на преведувачот, и се обидоа да ги употребат овие програми.

Навистина се надеваме дека оваа посета ќе придонесе студентите подобро да се запознаат со оваа професија, и да ги поврзат знаењата од посетата со наставниот материјал.

[gallery ids="10834,10835,10836"]

Choose your future.

View all schools