Skip to content

Студентите од УАКС во посета на финансиски институции

Dec 24, 2018
Студентите од УАКС во посета на финансиски институции

На 13 декември 2018 година, студентите од Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кои го слушаат предметот Финансиски пазари и институции, заедно со предметниот наставник, виш научен соработник д-р Јадранка Мршиќ, беа во посета на неколку финансиски институции.

Г-ѓа Евита Иванова, директор на Секторот за финансиски, организациски и корпоративни прашања и ПР на Македонска берза АД Скопје, одржа презентација за активностите и развојот на берзата.

Г-ѓа Томовска, раководител на Одделот за корпоративни финансии при Комисијата за хартии од вредност, ја претстави улогата на надгледувачот во регулирањето на македонскиот пазар на капитал.

Во текот на истиот ден, студентите и нивниот предметен наставник беа во посета на ВФП АД Скопје Осигурителното брокерско друштво - најновата инвестициска компанија, каде што имаа можност да проследат презентација за македонската индустрија за финансиски вложувања.

[gallery ids="12123,12122,12121,12120,12119"]

Choose your future.

View all schools