Skip to content

Студентки од ФСЈ при УАКС беа дел од мрежата на ЦЕЕПУС

Jun 08, 2017
Студентки од ФСЈ при УАКС беа дел од мрежата на ЦЕЕПУС

Студентките Марина Ивановска и Вања Спасовска од Факултетот за странски јазици при УАКС, добија едномесечен грант за мобилност, овозможен од Централноевропската програма за размена на универзитетски студии (ЦЕЕПУС) и учествуваа во мрежата на универзитети „Транскултурна комуникација и превод“.

Вo месец април 2017, тие посетуваа настава по предметот Литература за деца на Универзитетот од Приморска во Копер, Словенија и имаа непроценливо интеркултурно и академско искуство.

Choose your future.

View all schools