УАКС доделува 3 целосни стипендии за MBA – Master in Business Administration
Врз основа на член 11 од Статутот на Фондацијата за стипендирање
и професионален развој на Универзитет Американ Колеџ Скопје,
Управниот одбор на Фондацијата распишува
**КОНКУРС
ЗА
ТРИ СТИПЕНДИИ
ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА
НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ
Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитет Американ Колеџ Скопје е основана со цел да создава професионален кадар преку обезбедување квалитетно школување. Во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје и Деловниот совет на УАКС, Фондацијата распишува конкурс за стипендии за постдипломски студии на УАКС. 2. ОПИС
За академската 2021/2022 година ќе бидат доделени вкупно 3 (три) целосни стипендии за студиската програма MBA – Master in Business Administration, на англиски јазик. Факултет за деловна економија и организациони наукиMBA – Master in Business Administration Студии на англиски јазик
Конкурсот е отворен за сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат следните услови: - Да имаат завршено додипломски студии со 240 кредити;
Сите документи треба да се достават од 17.11.2021 г. до 06.12.2021 г. на еден од следните начини:
Електронски, на networking@uacs.edu.mk
По пошта, на адреса: Фондација УАКС, Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје, со назнака: Конкурс за MBA стипендија за 2021/2022 г.
ТЕСТИРАЊЕ
По завршувањето на рокот за апликации, на 07.12.2021 г. сите пристигнати кандидати ќе добијат тема за есеј, кој треба да се достави најдоцна до 12.12.2021 г. На 13.12.2021 г. сите кандидати ќе имаат онлајн интервју со претставници од УАКС. Термините за интервју ќе бидат однапред најавени и договорени со секој кандидат поединечно.
Критериум****Максимум бодовиПросечен успех20Финансиски услови10Мотивациско писмо10Есеј30Интервју30Вкупно100Финалните резултати ќе бидат објавени на 17.12.2021 г. на www.uacs.edu.mk. Приговори за резултатите може да се достават онлајн на networking@uacs.edu.mk до 19.12.2021 г. Стипендија добиваат првите 3 кандидати од списокот. Добитниците на стипендии во рок од 3 дена по објавувањето на списокот треба да потпишат Договор за стипендирање, најдоцна до 22.12.2021 г. Во случај да не се изврши упис во предвидениот рок, стипендијата ја добива следниот кандидат на списокот.
Висината на стипендијата соодветствува со школарината за студиската програма. Корисниците на стипендија се обврзани да одржат просек од 3.67 GPA (А-) и да бидат учесници во тековните активности на УАКС. Доколку кандидатот не го оствари потребниот просек, го губи правото правото на стипендија.