Skip to content

УАКС потпиша меморандум за соработка со Универзитет Сингидунум во Белград

Jun 05, 2021
УАКС потпиша меморандум за соработка со Универзитет Сингидунум во Белград

Во текот на изминатата недела Универзитет Американ Колеџ Скопје потпиша меморандум за соработка со Универзитет Сингидунум во Белград. Средбата иницираше понатамошно залагање од обете страни за студентски размени, наставен кадар, размена на искуства, практична настава и комплементарни програми се со цел поголема соработка во регионот.

Во следниот период следуваат низа активности за креирање на Joint Degree диплома како и учество во истражувања во заедничките програми на докторските студии. Среќни сме што образованието на двете земји, се движи во иста насока во рамките на глобалното образование.

Посетата беше во рамките на програмата за Европски образовни политики, Ерасмус+ Staff mobility.

Претставници на УАКС беа:

Сандра Грујевска, Кариерен Центар на Уакс и Деловен Совет

Димче Мицевски, Маркетинг Комуникации и Лице за односи со јавност

Choose your future.

View all schools