УАКС Хибридна настава
Почитувани студенти,
Со оглед на новонастанатата ситуација во однос на ширењето и опасноста од вирусот Ковид-19 и имајќи го предвид прогласувањето пандемија на светско ниво, Универзитет Американ Колеџ Скопје ве известува дека продолжува со работа без прекин во наставата.
Грижејќи се за семејството на УАКС - студентите, наставниот кадар и администрацијата, како и во согласност со Одборот за акредитација во САД, Пролетниот семестар на УАКС ќе се организира како хибридна настава.
Наставата на Универзитетот ќе се организира и регулира со примена на познатата видеоконференциска платформа WEBEX, што ја користат голем број светски универзитети. За оваа платформа, Универзитетот обезбеди соодветен број лиценци за сите студенти и професори.
Начинот на кој ќе бидете вклучени е едноставен:
****Забелешка: ве молиме имајте слушалки и микрофон при видео-конференцијата.***МИД-ТЕРМ КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА
Mid-term Examination и доставата на материјали за учење ќе продолжи преку платформата Moodle, за која обезбедивме подобрена верзија, што вклучува и тестирање. За сите дополнителни информации, исконтактирајте со професорите.
За сите прашања поврзани со инсталирање на платформите слободно можете да се обратите на следните контакти:
За сите дополнителни прашања, обратете се преку e-mail до координаторите за настава: - popkostova@uacs.edu.mk
или на info@uacs.edu.mkСо надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, остануваме посветени на вашите потреби и вашето образование. Токму во вакви времиња неопходно е да се обезбеди што поквалитетно образование, со цел градење идни генерации кои успешно ќе се соочат со предизвиците на светот и времето што доаѓа.
Ви посакуваме добро здравје и пријатна настава.