Skip to content

In Memoriam: Dushko Chifliganec

Aug 05, 2025
In Memoriam: Dushko Chifliganec

Универзитет Американ Колеџ Скопје го изразува своето најдлабоко сочувство по повод прераната и ненадејна смрт на Душко Чифлиганец.

Адора е компанија со која низ годините изградивме силни партнерски односи и длабоко жалиме за загубата на нејзиниот лидер. Со својот ведар дух, искрена човечност и силна посветеност, Душко остави длабока трага и спомен кој секојдневно ќе го чуваме и споделуваме со благодарност и почит.

Изразуваме длабоко сочувство и до проф. Ванчо Чифлиганец, наш почитуван гостин и инспиративен говорник, до д-р Драгана Чифлиганец, поранешна претседателка на нашиот Деловен совет, како и до останатите членови од семејството. Оваа соработка остави траен белег во развојот на Универзитетот и создаде мост на доверба, почит и заеднички вредности.

Загубата на Душко е огромна болка за сите нас, а спомените за него ќе останат како трајна вредност и потсетник за тоа што значи вистинска човечност, скромност и посветеност.


Со почит,
Универзитет Американ Колеџ Скопје

Choose your future.

View all schools