Skip to content

ИН МЕМОРИАМ: проф. д-р Јован Донев

Sep 03, 2026
ИН МЕМОРИАМ: проф. д-р Јован Донев

Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на проф. д-р Јован Донев, истакнат научник, универзитетски професор, дипломат и аналитичар, кој почина на 71-годишна возраст.

Проф. Донев остави значаен белег во македонската академска и јавна сфера, со својата долгогодишна посветеност на проучувањето на историјата, меѓународните односи и геополитичките процеси, како и преку својата дипломатска служба како амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство, Ирска и Исланд.

Неговата врска со Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС) е особено значајна. Во 2005 година, проф. Донев беше член на Матичната комисија за основање на Универзитетот, придонесувајќи во неговите основоположнички чекори. Подоцна, како надворешен соработник и професор на Факултетот за политички науки, тој на многу генерации студенти им го предаваше предметот „Историја на модерна Европа“, споделувајќи го со нив своето богато знаење, академско искуство и интелектуална љубопитност.

За УАКС, проф. Донев ќе остане запаметен како дел од нашата академска историја и како професор кој остави трага во образованието на бројни наши студенти.

На неговото семејство, пријателите, колегите и сите негови студенти им изразуваме најдлабоко сочувство.

Нека му е вечна слава.

Choose your future.

View all schools