УАКС ја започна академската година со рекорден интерес, иновативна настава и силни меѓународни партнерства
Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) ја започна новата академска година 2025/2026 со огромен број на новозапишани студенти – бележејќи го најголемиот интерес досега, потврдувајќи дека довербата во квалитетното образование и современиот пристап кон наставата е навистина успешен пристап. Оваа 20-та генерација на УАКС има посебна симболика – таа го одбележува и јубилејот од дваесет години постоење, но и почетокот на ново поглавје исполнето со раст, иновација и нова енергија.
На свеченото отворање на академската година на почетокот на октомври, ректорката проф. д-р Венера Крлиу им посака добредојде на студентите со порака дека вистинската сила на УАКС е во луѓето, во вредностите и во заедницата што се создава. Интегритетот, посветеноста на иновации, отвореноста и принципот- студентите на прво место, се она кое го прави УАКС различен и посебен. Тоа се вредности кои за оваа нова генерација на студенти ќе бидат основа за академска но и лична трансформација во годините кои доаѓаат, посочи ректорката Крлиу.
Во изминатите две децении, УАКС изгради репутација како лидер во современото, применливо, квалитетно образование. Со пет факултети, програми на додипломски, магистерски и докторски студии, над 250 активни компании-партнери каде се реализирани повеќе од 5.000 пракси за над 8.450 студенти досега, универзитетот останува посветен на поврзувањето на знаењето со реалниот свет.
Под водство на ректорката проф. д-р Венера Крлиу новата академска година носи иновативни наставни модели, дигитални алатки и засилени меѓународни партнерства. Студентите на УАКС ќе имаат можност за студирање или размена на престижни универзитети, како Tor Vergata (Рим), Università Cattolica (Милано), VSEM (Прага) и Универзитетот во Рен, како и преку Еразмус+ програмата која овозможува глобални искуства за студентите низ цела Европа.