Воведно предавање на проф. д-р. Владимир Ладински на УАКС
Традиционално, при избор на редовен професор на нашиот Универзитет, се одржува воведно предавање пред професорите и студентите. Денеска беше одржано предавањето на проф. д-р Владимир Ладински, на тема “Архитектурата во служба на човекот„, на коешто преку приказ на творечкиот опус на авторот архитектурата ќе биде претставена како дисциплина во служба на човекот, со цел луѓето да ги реализираат своите потенцијали и да го подобрат квалитетот на својот живот на начин којшто едновремено ги штити и ги зголемува системите што го одржуваат животот на Земјата.
Проф. д-р Владимир Ладински е редовен професор на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС и предaва предмети од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање со акцент на одржливото планирање, проектирање и изградба. Неговиот придонесот во наставно-научниот процес на УАКС е подкрепен со долгогодишното професионално и истражувачко искуство стекнато во земјата и Велика Британија.
[gallery ids="12030,12029,12028,12027,12026,12025,12024"]